Дибала и 50 мил. евра за Салах

68

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, сериозно е заинтересиран за услугите на најдобриот фудбалер во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах.

Пред неколку дена англиските медиуми ја пласираа информацијата дека “старата дама” прво ќе го продаде аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала, а потоа ќе понуди 200 мил. евра за обесштетувањето на Салах.

Италијанските медиуми пак открија дека Јуве е подготвен да одвои 50 мил. евра за обештетувањето на Салах, но и во обратната насока да го испрати Пауло Дибала кој е проценет на 120 мил. евра.