Холандскиот интернационалец од редовите на Барселона, Френки де Јонг, раскажа интересна анегдота од Светското првенство во Катар во 2022 година во кое главната улога ја има Лионел Меси.
Фудбалската репрезентација на Аргентина ја освои титулата светски шампион во Катар во 2022 година, а Лионел Меси конечно го подигна трофејот откако го загуби финалето од Германија во 2014 година во Бразил.
По воведниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентина славеше против Мексико и Полска и ја мина групата со шест бода.
Следеше победата над Австралија во осминафиналето, а во четврт-финалето го гледавме дуелот против Холандија, кој беше еден од најинтересните натпревари на првенството.
По регуларниот дел од времето беше 2:2, а Холандија обезбеди продолженија во 11. минута од судиското надополнување преку Вегхорст, но Аргентина сепак победи на пенали.
Лионел Меси му асистираше на Молина за првиот гол во 35. минута, а самиот погоди од 11 метри во 73. минута за 2:0.
Френки де Јонг, репрезентативецот на Холандија кој во игра влезе во 64. минута наместо Блинд, го раскажа своето искуство од натпреварот и споменатата асистенција на Меси.
„Никогаш нема да го заборавам додавањето на Лео Меси против нас, невозможно додавање, ниту во сон“, изјави играчот за врска и додаде:
„Ван Дијк ми зборуваше по натпреварот и ми кажа дека Меси не е нормален. Има тајна во него, но како оди тоа?“.
Да потсетиме, Аргентина подоцна ја елиминираше Хрватска во полуфиналето, а потоа победи на пенали во финалето против Франција и по трет пат го подигна драгоцениот трофеј.