Де Јонг и Араухо мора да одлучат

321

Челниците на каталонскиот гигант Барселона мораат во најбрз можен рок да донесат конечна одлука околу иднината на холандскиот интернационалец Френки де Јонг и репрезентативецот на Уругвај, Роналд Араухо. Играчот за врска и дефанзивецот имаат договор кој е со важност до 2026 година и доколку не биде продолжена соработката двајцата ќе бидат продадени на крајот од актуелната сезона.