Искусниот шпански голман, Давид де Хеа, е најновата желба на легендарниот англиски фудбалер и ко-сопственик на американскиот фудбалски клуб, Интер Мајами, Дејвид Бекам. Поранешниот голман на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед моментално има статус на слободен играч и може да се пресели во Мајами без никакво обештетување. Доколку ја прифати понудата Де Хеа ќе соработува со Лионел Меси, Серхио Бускец и Жорди Алба.