Де Паул замена за Перишиќ

28

Доколку предвреме биде прекината соработката со хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обидат да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Удинезе, Родриго де Паул.

Благодарение на одличните партии во актуелната сезона од Серија А, аргентинскиот интернационалец го привлече вниманието на најдобрите клубови во Италија, но Интер е најблиску до неговиот потпис.

Од продажбата на офанзивниот играч за врска, челниците на Удинезе очекуваат заработувачка не помала од 25 мил. евра.