Доколку не вродат со плод преговорите околу францускиот интернационалец од редовите на Севилја, Жулс Кунде, раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи, своето внимание ќе го насочат кон холандскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Матијас де Лихт. Менаџерот на „сините“, Томас Тухел е во потрага по нов дефанзивец кој ќе биде наследник на Тиаго Силва, но преговорите околу Кунде се во прекин поради побараното обештетување од 70 мил. евра.