Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.
- Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија – надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.
Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари.