Предводникот на англискиот премиерлигаш Брајтон, Роберто де Зерби, е последниот менаџер кој е дефиниран како можен наследник на актуелниот менаџер на Ливерпул, Јурген Клоп. Трофејниот германски стручњак потврди дека на крајот од сезоната ќе си замине од „Енфилд“, а во игра за жешкото столче на „Енфилд“ се и Чави Алонсо, Зинедин Зидан и Томас Франк.