Белгискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ја отфрли идејата за можен трансфер во редовите на шпанскиот гигант Реал (М), објави „Дон Балон“.
Офанзивниот играч за врска потврди дека е целосно задоволен од неговата позиција во редовите на “граѓаните” и додаде дека не размислува за никаква промена на клупската средина. Кога е во прашање актуелната сезона, Де Бруин настапи на 13 натпревари, на кои постигна три погодоци и запиша две асистенции.