Се погласни се шпекулациите дека белгискиот интернационалец, Кевин де Бруин, ја игра последната сезона во дресот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити. Офанзивниот играч за врска има договор со „граѓаните“ до крајот на актуелната сезона, а британските медиуми се убедени дека следна негова дестинација ќе биде американската МЛС лига.