
Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), доби сериозна конкуренција во најтрофејниот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кога е во прашање потписот на канадскиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Алфонсо Дејвис. Офанзивниот бек на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и ќе си замине од Минхен без никакво обештетување.