Децата на ослободената руска шпионска двојка не знаеле дека се Руси додека не се качиле во авионот за Москва, информира Кремљ

91

Двете деца на руската шпионската двојка Атрем и Ана Дулчев, кои беа разменети со Западот, не знаеле дека се Руси додека не се качиле во авионот што слета во Москва, соопшти денеска Кремљ.

Тие не знаеле дека се Руси и дека имаат некаква врска со нашата земја, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјавил дека децата не го знаат рускиот јазик и дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ги пречекал на шпански.

Брачната двојка Дулчев е уапсена во Словенија, каде што се претставувале како Аргентинци, јавува Ројтерс.

Децата ги прашале родителите кој е човекот што ги поздравил. Тие не знаеја кој е Путин. Така функционираат илегалците. Толку се жртвуваат, рече Песков.

Тој потврди дека убиецот Вадим Красиков, кој беше ослободен од германски затвор, е припадник на специјалната единица на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Красников беше осуден во Германија за убиство на поранешен чеченски екстремист во Берлин во 2019 година.

Путин го пречека Красников со прегратка на аеродромот во Москва во четвртокот.

Песков изјави дека размената на затвореници била организирана од ФСБ и Централната разузнавачка агенција на САД.

Одлуката на Путин да се сретне со разменетите затвореници на аеродромската писта е почит на луѓето кои служат на својата земја и успеаја, благодарение на напорите на многу луѓе, да се вратат во својата татковина, рече Песков.

Во размената учествувале 24 лица, од кои 16 затвореници префрлени од Русија на Запад и осум во спротивна насока.