„Децата ме прашуваат зошто мама веќе ја нема, а јас не знам што да им кажам“

224

Легендарниот англиски фудбалер, Рио Фердинанд, денес има 46 години, среќно е оженет и работи како аналитичар на британската телевизија и е среќно оженет. Сепак, на поранешниот дефанзивец на Вест Хем и Манчестер Јунајтед му требаа неколку години за целосно да се опорави.

Рио е секако еден од најдобрите дефанзивци во историјата, но неговиот живот надвор од теренот имаше неколку сериозни ситуации, особено настанот во 2015 година.

Дотогаш познатиот стопер беше во брак со Ребека Елисон со која имаше три деца, но таа почина од рак на дојка во цутот на младоста, имаше 34 години.

Трагедијата многу го погоди  Фердинанд, кој реши да се оддаде на алкохол и тотално ги запостави своите деца и немаше одговори на нивните прашања.

„Зошто мама повеќе не е тука? беше потресното прашање што трите деца на Фердинанд, Лоренц, Тејт и Тиа, инстинктивно го поставија.

Тој не можеше да одговори, бидејќи „ни јас немав одговор“, откри Англичанецот гостувајќи во емисија на Би-би-си.

„Четири месеци се криев во алкохолот. Да, пиев многу, веќе не бев свесен. Во еден момент помислив како можеш да бидеш толку себичен за да се самоубиеш“.

„Но, сега се сочувствувам со тие луѓе, ги разбирам затоа што разбирам дека можете да размислувате така, особено ако немате кој да ве поддржи.

„Тогаш во мене се поттикна нешто да дадам сè за моите деца и ме натера да станувам секое утро и да се уверам дека можам да одам напред“.

„И знам дека Ребека би била среќна со ова мое сведоштво, па тоа им помага на другите. Таа беше таква личност и затоа можев да ја раскажам нашата приказна“, заврши Фердинанд.

Фердинанд се ожени по втор пат во 2019 година кога за животна сопатничка ја избра Кејт Рајт, со која во меѓувреме доби уште еден син.

ИЗДВОЕНИ