Дефиниран наследникот на Халанд

117

Португалскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Андре Силва, е најновата желба на раководните лица на Борусија од Дортмунд. Челниците на Борусија се убедени дека Силва може да биде идеален партнер или пак замена за норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд, но нивната желба ќе стане реалност ова лето само доколку официјалната понуда за Португалецот не биде помала од 40 мил. евра.