Британските медиуми немаат дилема дека раководните лица на Ливерпул веќе го дефинирале наследникот на актуелниот менаџер, Јурген Клоп. Трофејниот германски стручњак има договор со „црвените“ до 2026 година, но се погласни се шпекулациите дека Клоп сака да биде селектор на Германија за време на ЕП 2024 година. Доколку се реализира таквото сценарио, тогаш Ливерпул ќе се обиде да ги осигура услугите на актуелниот тренер на Баер од Леверкузен, Чаби Алонсо.