Британските медиуми открија дека челниците на англискиот премиерлигаш Ливерпул го дефинирале играчот кој треба да биде замена на холандскиот интернационалец Вирџил ван Дајк. Истите медиуми тврдат дека прва желба на раководните лица е францускиот интернационалец од редовите на Севилја, Лоик Баде во чии договор има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 60 мил. евра.