Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, ја започна потрагата по наследникот на офанзивниот бек, Тренд Александр-Арнолд. Репрезентативецот на Англија на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер и сериозно размислува да ја прифати понудата на Реал (М). Доколку се реализира тоа сценарио, „црвените“ ќе се обидат да го купат холандскиот интернационалец од редовите на Баер од Леверкузен, Џереми Фримпонг.