Спортскиот директор на калчолигашот Болоња, Валтер Сабатини, испрати јасна порака до раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, откако истите потврдија дека се сериозно заинтересирани за услугите на Рикардо Орсолини.
Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, Орсолини го привлече вниманието на европските гиганти, но челниците на Болоња бараат мало богатство за неговото обесштетување. Сабатини откри дека крилниот напаѓач вреди најмалку 70 мил. евра.