Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал најпосле се соочија со суровата реалност кога е во прашање иднината на капитенот, Пјер-Емерик Обамејанг.
Интернационалецот од Габон пред неколку месеци изјави дека сигурно ќе си замине од „Емирати“ доколку „топчиите“ повторно не обезбедат пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Челниците на Арсенал ќе ја исполнат неговата желба само доколку официјалната понуда за неговата понуда не биде помала од 70 мил. евра.