Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец Џовани Ло Селсо. Крилниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола да си замине од Лондон веќе во јануари само доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 15 мил. евра.