Францускиот прволигаш Лил откри дека само под еден услов за време на зимскиот преоден рок ќе стави крај на соработката со канадскиот интернационалец, Џонатан Давид. Брзоногиот напаѓач важи за голема желба на италијанскиот калчо гигант Милан, а евентуалниот трансфер на „Сан Сиро“ ќе стане реалност веќе во јануари само доколку официјалната понуда за Давид не биде помала од 40 мил. евра.