Дефект на главната водоводна линија еден во Штип

33

На главната водоводна линија еден во Штип има голем дефект, информираат од ЈП „Исар“- Штип.

Во писменото соопштение обајвено на социјалните мрежи од ЈП „Исар“ се наведува дека поради настанат дефект на главна водоводна линија еден, можно е да дојде до повремено или отежнато водоснабдување на жителите кои се снабдуваат од таканаречената „висока зона“.

– Населбата Блок 70, улиците „Радански пат“, „Косовска“, дел од улица „Сутјеска“ како и дел од централното градско подрачје, наведуваат оттаму.

Дополнуваат дека доколку дојде до целосен прекин на водоснабдувањето, ЈП „Исар“ во соработка со Противпожарната единица ќе обезбеди цистерна со техничка вода.

– За локацијата и времето каде ќе биде поставена цистерната ќе бидете дополнително известени, стои во соопштението.