Еден од најталентираните кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, несомнено прераснува во голема ѕвезда во НБА лигата. Тој со своите изданија кои ги нуди во дебитантската сезона во најсилното друштво особено ги радува луѓето од овие простори поради тоа што доаѓа од Словенија.
На младиот Словенец многумина му предвидуваат блескава иднина во НБА лигата, а сега најдобриот играч на Далас стана исклучително популарен и за македонската јавност поради тоа што откри како се опушташе пред мечот со Лос Анџелес Лејкерс, кој „маверикс“ го загуби со 107:97.
Дончиќ обелодени дека е голем фан на музиката на нашата незаборавна поп – ѕвезда, Тоше Проески, па на пат до арената, во својот автомобил се опушташе со песните на Тоше кои се очигледно на врвот на неговата плеј – листа. На прикажаното видео, Дончиќ ја слуша „Волим осмех твој“, а следна на листата е „Игри без граници“.
Резултати: Кливленд – Индијана 115:123, Филаделфија – Вашингтон 132:115, Мајами – Денвер 99:103, Торонто – Атланта 104:101, Оклахома – Минесота 117:119, Феникс – Сакраменто 115:111, Голден стејт – Њујорк 122:95, ЛА Клиперс – Шарлот 128:109.