Во западен Лондон имало пукање во кое осумгодишно девојче и маж се тешко повредени откако 22-годишен маж отворил оган врз автомобилот во кој се наоѓале со уште едно дете – двегодишно девојче.
Напаѓачот бил уапсен по пукањето што се случило околу 17.30 часот во неделата во Саутерн Роу во Ладброук Гроув.
Еден од сведоците за британските медиуми изјавил дека напаѓачот „пукал од непосредна близина и директно во нив“.
„Бев во целосен шок и само трчав назад по скалите бидејќи бев многу исплашена. Потоа погледнав и слушнав врескање после тоа, а потоа луѓето излегуваа да повикаат полиција“, опиша таа.
Друг сведок, 64-годишен маж, опиша дека слуша врисоци. „Слушнав пукотници, а потоа една жена викаше „Моето бебе, моето бебе е застрелано“… Ми се гади што сега размислувам за тоа“, рече тој.
Началникот Овен Реноуден на прес-конференција рече дека истрагата ја водат детективи од Специјализираната криминалистичка команда и апелираше до сите сведоци да излезат со информации.
Лондонската служба за брза помош соопшти дека првиот тим бил на местото на настанот во рок од шест минути.
„Нашите тимови лекуваа двајца пациенти на местото на настанот, пред да бидат однесени во траума центар во Лондон како приоритетни случаи“, се вели во соопштението.
An eight-year-old girl and a 34-year-old man have been seriously injured in a double shooting in Kensington, prompting a police manhunt for the gunman.
Police said the incident happened on Sunday, November 24, at 5:34 p.m. in Southern Row, W10. Both victims were taken to… pic.twitter.com/8hPmHfq2t4
— T_CAS videos (@tecas2000) November 25, 2024