Детали за несреќата во Алексинац: Затруени повеќе од 100 работници од хемиски испарувања

476

Над 100 работници се затруени од хемиски испарувања во фабриката „Магна“ во Алексинац, а од Основното јавно обвинителство во овој град соопштија дека чекаат ситуацијата да биде безбедна за да се преземат сите соодветни дејствија.

Иван Митровиќ, основниот јавен обвинител во Алексинац, најави дека се ангажирани сите референтни институции, а истрагата ќе биде спроведена штом ќе добијат информација дека е безбедно да се влезе во фабриката.

„Во фабриката Магна се затруле 102 работници, им била укажана лекарска помош, тројца се во болницата во Ниш, едно лице во Алексинац. Известени се Институтот за јавно здравје, Трудовата инспекција и санитарната инспекција и Институтот 1 мај. Ја затворивме фабриката додека не се спроведе истрага и не се утврди дека е безбедно да се работи таму. Ќе се спроведат потребните мерења за присуство на штетни материи, откако ќе заврши истрагата и ќе се утврдат сите околности, ќе одлучуваат за поведување кривична постапка против одговорните“, рече Митровиќ.

Од здравствената установа велат дека најголем број пациенти се згрижени во Итната помош, но дека во болницата Алексинац се опремиле и две соби за прием на пациенти, а таму се префрлени одреден број лица со тегоби.

„Прегледани се 102 работници од фабриката Магна, кои се пријавиле со симптоми на иритација од испарувања од лепак. Над 70 лица се згрижени во Итната помош и по посочената терапија се пуштени дома. Од нив 30 се испратени на понатамошно опсервација на интерно, додека тројца пациенти се пренесени на Токсикологија во Клиничкиот центар во Ниш. Имаа потешки симптоми, им беше дадена терапија во амбуланта и беа многу подобри, но беа задржани на опсервација во тоа одделение“, изјави Ненад Марковиќ, началник на Итната помош.