Деспотовски си поднесе оставка од директорската позиција на ТИРЗ

78

Јован Деспотовски си поднесе оставка од директорката позиција на ТИРЗ. Апанажа нема да користи и ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ.

Додека не го види крајот на изборниот процес, никаква функција нема да прифати.

„Поделби прават тие што им ги бркаат луѓето од партијата. Јас не ги избркав луѓето од партијата на 30 јуни. Зборувам во името на тие луѓе“, вели Деспотовски.

За време на неговиот мандат потпишани се 31 договори, од кои половината се нови инвестиции. Во следните 2,3 месеци најавува старт со работа на 3 нови компании.

Пред два дена за лидер на СДСМ, членството го избра Венко Филипче, поранешен министер за здравство. Депостовски имаше забелешка дека имало членови кои биле враќани и не гласале.