Десничарскиот сојуз на Орбан, „Патриоти за Европа“, може да стане официјална група во Европскиот парламент

194

Новата десничарска алијанса на унгарскиот премиер Виктор Орбан „Патриоти за Европа“ доби доволно поддршка за да стане официјална група во Европскиот парламент (ЕП), откако белгиската крајнодесничарска партија Фламански интерес објави дека се приклучува на алијансата, објави денеска „Политико“.

Фламанскиот интерес е седмата национална партија која се приклучи на десничарските Патриоти за Европа.

Фламанскиот интерес во саботата објави дека се приклучува на Патриоти за Европа, откако во петокот слични одлуки донесоа холандската и шпанската крајнодесничарска партија.