Македонскиот ракометен шампион Вардар, викендов по трет пат ќе биде учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн. „Црвено-црните“ веќе еднаш ја освоија титулата во 2017 година кога во финалето го победија ПСЖ, а во полуфиналето славеа над Барселона, која и оваа година исто така им е противник на избраниците на тренерот Роберто Гарсија Парондо во мечот за пласман во финалето.

Токму затоа пред почетокот на фајнлфор турнирот во Келн, челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) објавија десет причини зошто Вардар би можел по втор пат да ја освои европската титула.

Челниците на ЕХФ ги објавија десетте причини зошто „црвено-црните“ по втор пат може да ја освојат титулата во елитното натпреварување. Вардарци беа шампион во 2017 година, односно првиот македонски тим во машка конкуренција кој се закити со европската титула.

  1. Форматот

Се игра истиот формат како во СЕХА лига, а Вардар ова натпреварување го користи за што подобро да се претстави во елитното натпреварување. Вардар знае како да се справи со притисокот, односно играње два тешки натпревари во два дена, без прекин и кус период во кој нема време за многу размислување. Вардар пет пати го освои пехарот во СЕХА лигата, најмногу од сите досегашни учесници во ова натпреварување.

  1. Тимур Дибиров

Левото крило никогаш не старее. Исто како Исланѓанецот Гунар Валур Сигурдсон. Рускиот интернационалец сè уште е најсилното оружје на Вардар. Познат е по вештото крадење на топките и го викаат чистач пред обраната. Кога во прашање е нападот, тој поседува широк спектар на удари, а погодува и од невозможни позиции.

  1. На знак

Во 2017 година Вардар во Келн пристигна како аутсајдер, односно како непозната екипа. Мораа да се соочат со Барселона во полуфиналето и успеаја да слават над најтрофејниот тим во елитното натпреварување. Тоа им даде дополнителен мотив и енергија на играчите за финалето со ПСЖ, дуел во кој славеа во последната секунда од мечот со голот на хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ. Во 2019 година? Тиер повторно се соочуваат со Барса во полуфиналето.

  1. Наследството на Ел Команданте

Многу играчи го напуштија Вардар по заминувањето на Раул Гонзалез од клупата, но исто така и многу останаа. Тие што останаа се сè уште водечка сила на тимот. Гонзалез во Вардар дојде по препорака на Талант Душебаев, но откако замина го препорача неговиот помошник Роберто Гарсија Парондо, кој успеа да го однесе тимот на завршниот турнир, нешто што сезонава не му успеа на Гонзалез со тимот на ПСЖ.

  1. Стојанче Стоилов

Моќниот македонски репрезентативец на линијата од шест метри е повеќе од капитен на тимот. Тој е лидер на воините, храброто срце на Фалангата. Стоилов никогаш не се откажува, тој е мотивиран борец, моќта на тимот. Дури и кога еден ден нема да игра за „црвено-црните“, сè уште ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

6.Тренерот

Роберто Гарсија Парондо се чини дека има магични раце. Кога заминаа ѕвездите како што беа Арпад Штербик, Чика Циндриќ, Хорхе Македа и Жоан Канељас, тој формираше нов вардарски тим во кој доминира шпанскиот стил на Гонзалез, комбиниран со некои нови карактеристики во нападот и одличните новајлии во тимот Стас Скубе и Дејан Милосављев, кои се покажаа во одлично светло во регуларниот дел од сезоната.

7.Дејан Милосављев

Голманот е клучот за трофејот и Вардар може да смета дека го има еден од најдобрите на завршниот турнир. Милосављев го замени легендарниот Арпад Штербик и одлично се вклопи во тимот, а згора на се ги задоволи вкусовите на управата и фановите.

8.Навивачите

Играчите кои го освоија трофејот во 2017 година никогаш нема да заборават колку голема поддршка што ја имаа. Освен тоа, како херои се вратија дома и беа пречекани од илјадници фанови. Целата земја застана зад ракометарите на Вардар и заедно го прославија големиот успех. Имајќи ја предвид националната еуфорија, играчите ќе добијат дополнителен енергетски поттик.

  1. Игор Карачиќ

Хрватскиот интернационалец сака да си замине од Вардар со уште една титула. Карачиќ беше еден од најголемите адути во нападот на Парондо во тековната сезона. Неговите асистенции и цели го отворија патот до Келн, а допрва треба да бидат одиграни најдобрите партии од страна на Хрватот.

  1. Несигурната иднина на тимот

Приказната на Вардар ќе продолжи, тоа е сигурно, но дали некогаш повторно ќе имаат шанса да стигнат до Келн? Никој не знае. Ова би можело да биде последната голема забава на големата сцена. Нема поголема мотивација за Стоилов и неговите соиграчи.