По повод 101-годишнината од формирањето на Република Туркије, во Скопје, од 28 до 31 октомври, се одржува манифестацијата „Денови на турската кинематографија“, во рамките на која се одржаа проекции на неколку филма.

Во своето обраќање, амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, му се заблагодари на „Киноверзум“ што ги споделил своите киносали во Скопје и во Штип за четирите вечери по повод овој настан:

„Со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам, во текот на четири вечери, на љубителите на кинематографијата им се претставуваат четири турски филма, меѓу кои два филма се на еден наш светски познат режисер.“

Настанот се организира по повод 29 Октомври, Денот на Република Туркије.