Доколку предвреме биде прекината соработката со белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги осигурат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Олимпик од Лион, Муса Дембеле.

Според англиските медиуми, Јунајтед планира да го продаде Лукаку за околу 80 мил. евра, а потоа со понуда не помала од 50 мил. евра да ги осигура услугите на поранешниот бомбардер на шкотскиот гигант Селтик.