Легендата на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација Алесандро Дел Пјеро изрази интересно мислење за иднината на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Според Дел Пјеро, судбината на Гвардиола е да ја води „старата дама” во блиска иднина.
Шпекулациите за иднината на шпанскиот ментор повторно избувнаа откако стана јасно дека Манчестер Сити е осуден на две години да не учествува во Лигата на шампионите, поради повреда на финансискиот ферплеј.
Дел Пјеро (45) ја коментираше ситуацијата со Гвардиола вака: „Веќе има многу гласини во Италија дека тренерот и многу играчи ќе го напуштат клубот. Целиот фудбалски свет смета дека може да се „украде” нешто од Манчестер Сити. Минатото лето нашироко се зборуваше дека Гвардиола ќе дојде во Јувентус и сега истата работа ќе се случи повторно. Секој клуб во светот би сакал да биде воден од него и јас би сакал да го видам Пеп во Италија. Победи во Шпанија, Германија и Англија. Ако го следиме неговиот пат, можеби судбината му одредила да го води Јувентус”.