Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро откри кога ќе се врати на тениските терени, по несаканата повреда. Тој ќе игра на турнирот на Делреј Бич во Флорида кој ќе се одржи наредниот месец. Аргентинецот на овој терен има една титула, во 2011 година. Турнирот ќе започне на 19 февруари.
Дел Потро, кој моментално е петтопласиран на АТП-листата, поради повреда го откажа настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Најголемиот успех за Аргентинецот е освојувањето на САД Опен, а во Мелбурн најдалеку стигнал до полуфиналето. Неговата главна цел е да биде подготвен за почетокот на Мастерс серијата.