Дел од Филипините повторно погодени од тајфун, стотици илјади луѓе евакуирани

7
epa11725305 Citizens try to catch fish along a river that is measured for flood alerts during typhoon season in Marikina City, Metro Manila, Philippines, 17 November 2024. The Philippines' weather bureau said that typhoon Man-Yi made landfall in Aurora province of the country's Luzon region, dumping rain and sustaining winds of 185 kilometers per hour. Local government units in the typhoon's path from Bicol region to Luzon region conducted pre-emptive evacuation of citizens to safeguard against floods and strong winds. EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Моќниот тајфун Ман-џи денеска го погоди северниот дел на Филипините и уништи куќи, предизвика големи бранови и принуди стотици илјади луѓе да се евакуираат во привремени засолништа.

Според официјалните извештаи, тајфунот Ман-џи е шестиот поголем систем на бури што ги погодил Филипините во последниот месец, пренесува АП.

Тајфунот ја погоди провинцијата Катандуанес во источниот дел на Филипините во саботата навечер, со постојани ветрови до 195 километри на час и налети до 240 километри на час.

Филипинската метеоролошка агенција предупреди на „потенцијално катастрофална ситуација опасна по живот“ во провинциите на патот на тајфунот. Областа Манила веројатно ќе биде поштедена од директен удар, но заедно со околните региони е ставена под предупредување за бранови на бури и опасност од плимни бранови, пренесува Танјуг.