Дел од општина Карпош утре без струја

104

Корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош лоцирани во близина на бројот 46 утре од 10:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е изведувањето планиран технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипа на ЕВН Македонија АД.