Дел од автобусите на ЈСП утре со изменет резим на движење – бесплатно возење за учесниците на маратонот

28
Од ЈСП информираат дека во недела (6.10.2024 година), во период од 7 до 14 часот, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.
Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.
Линии со непроменета траса:
Градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В.
Приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.
Линк до трасите на движење на линиите со изменет режим на сообраќање:
• Во периодот од 23:00 часот на 5.10.2024 до 17:00 часот на 6.10.2024 година, ул.Димитрие Чуповски од крстосницата со ул.Даме Груев и ул.11 Октомври (Градска болница) до крстосницата со ул.Даме Груев (Т.Ц. Палома Бјанка) ќе биде целосно затворена. Во овој период, возилата од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по ул.Даме Груев, позади Републичкото собрание.
– Ги потсетуваме сите учесници на денот на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица) – соопштуваат од ЈСП.