Според најновото истражување на американските здравствени власти, делта сојот не предизвикува сериозни случаи со ковид-19 кај децата и кај адолесцентите, за разлика од другите варијанти на вирусот.
Во САД во изминатиот период се зголемува загриженоста поради ефкетите на делта сојот на младите, поради се поголемиот број на хоспитализирани деца.
Центрите за превенција и контрола на болеста (CDI) и главната федерална агенција за јавно здравје ги проучувале податоците на пациентите хоспитализирани поради коронавирусот во 14 американски држави.
Агенцијата го споредила периодот од почетокот на мај до средината на јуни со оној од средината на јуни до крајот на јули кога делта сојот стана доминантен во САД.
Меѓу овие два периоди, стапката на хоспитализација на деца и на млади под 17 години се зголемила за пет пати. Меѓутоа, процентот на деца и адолесценти кои се примени во болница со тешки облици на болеста бил сличен пред и во текот на периодот кога делта сојот станал доминантен.
Освен тоа, студијата покажува дека вакцините добри ги штитат адолесцентите од делта сојот, бидејќи процентот на хоспитализација е за околу десет пати поголем за невакцинираните.
Во САД и деца од 12 години може да примат Фајзер вакцина.