Делови од Бутел и Кисела Вода без струја

46

Корисниците од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на потегот кај крстосницата со улицата „Ферид Бајрам“ и објектите околу поранешно „Тедико“ во општина Бутел денеска од 8 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 14 без струја ќе биде и дел од селото Горно Соње, местото викано Под Црква, а од 9 до 12 часот дел од улицата „Пат за Китка“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД Скопје.