Декемвриските пензии ќе се исплатат на 2 јануари

273

Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на првиот работен ден од новата година, 2 јануари 2025 (четврток), според редовниот термин.

Сепак, некои банки одлучија да ги исплатат пензиите предвреме. Пензионерите кои имаат сметки во Комерцијална банка ќе можат да ги подигнат своите пензии денеска, на 30 декември 2024.

Во Македонија има над 330.000 пензионери, а дел од нив ќе ја дочекаат Новата година со празни сметки.

ИЗДВОЕНИ