Дека е есен потсетуваат свежите утра, дневните температури до 28 степени!

Ваквите податоци се слични на целата планета, која е на пат да го собори едногодишниот топлотен рекорд во 2023 година. Откако веќе го забележа најтоплиот квартал досега во текот на летото на северната хемисфера (јуни, јули, август), светот ги сфаќа ефектите од климатските промени, предизвикани од човекот, кои беа засилени во последните месеци со враќањето на цикличниот природен феномен „Ел Нињо“, над Пацификот, што е синоним за дополнително загревање.

117

Летото заврши но дневните температури се сè уште релативно високи, а дека сме веќе неколку денови влезени во есен потсетуваат само свежите утра.

-Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок, во попладневните часови, ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, информираат синоптичарите од УХМР.

Минималната температура ќе се движи во интервал од четири до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 Целзиусови степени.

Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Инаку, од светот доаѓаат интересни вести поврзани со глобалното затоплување и невообичаени метео-појави. Јапонија, на пример го забележа најтоплиот септември во последните 125 години по веќе рекордните температури ова лето, објави Националната метеоролошка агенција (ЈМА).

Во време кога целиот свет се движи кон рекорди на топлина, просечната температура во Јапонија била повисока за 2,66 степени Целзиусови, објави агенцијата JMA.

Ова е највисоката температура откако е воспоставена метеоролошката статистика во 1898 година, соопшти агенцијата. Претходно објавија дека Јапонија забележала највисоки просечни температури досега забележани од јуни до август оваа година.

Ваквите податоци се слични на целата планета, која е на пат да го собори едногодишниот топлотен рекорд во 2023 година.

Откако веќе го забележа најтоплиот квартал досега во текот на летото на северната хемисфера (јуни, јули, август), светот ги сфаќа ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, кои беа засилени во последните месеци со враќањето на цикличниот природен феномен „Ел Нињо“, над Пацификот, што е синоним за дополнително загревање.

Септември 2023 година беше и најтоплиот месец во Германија, Полска, Швајцарија и Франција, каде што националната метеоролошка агенција во петокот соопшти дека просечната температура била помеѓу 3,5 и 3,6 степени Целзиусови повисока од просекот од 1991 до 2020 година.

Велика Британија го забележа овогодишниот септември, израмнувајќи го рекордот поставен во 2006 година, објави нејзината метеоролошка канцеларија.