Актерот Леонардо ди Каприо и манекеката Камила Мороно ја прекинале врската само два месеци по нејзиниот 25.роденден. Последниот прекин само го дополнува образецот воспоставен од 47-годишниот актер, според кој тој јавно не излегува со жена постара од 25 години.

„Проклетство на девојките на Ди Каприо“, забележа пред неколку години и еден корисник на редит кој дури објави и графикон кој покажува како оскаровецот никогаш не бил во врска со девојка постара од 25 години, а тоа сега и се случи и на Камила со која беше во врска четири години.