Девет нови лека за висок притисок, срцеви заболувања, депресија …

42

Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија  и деменција, стануваат дел од позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.

– Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови.

Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, посочи Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

– Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа, потенцира Таравари.

Воедно, ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа.