Поголемиот дел од фудбалските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на актуелниот шампион на Германија, Баерн (М) и италијанскиот калчо гигант Интер, со големо внимание ја следат ситуацијата околу шпанскиот голман, Давид де Хеа. Искусниот голман моментално има статус на слободен играч, а единствено барање до новиот клуб му е да има статус на првотимец.