Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето. За ова, вели тој, е изработена физибилити студија и ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање.

– Монтажни катни гаражи и повеќе организирани паркинг места коишто ќе бидат со приватен партнер. Тие ќе ги наплаќаат билетите, нормално саатница како и секаде, а пациентите и докторите кои работат таму ќе имаат паркинг-места отколку што има сега – рече Таравари.