Две недели пред банкротот, директорот на SVB ги продал сите акции: Штедачите ги убедувал дека „се е во ред“

4201

Директорот на пропаднатата Банка на Силиконската долина ги продал своите акции две недели пред банкрот на банката и до последен момент ги убедувал штедачите дека „се е во ред“.

Во еден од најголемите банкротства во историјата на САД, Банката на Силиконската долина пропадна минатиот петок, повлекувајќи ги со себе берзите и стоките како нафтата. Но, 24 часа пред тоа да се случи, извршниот директор на банката Грег Бекер лично им кажал на штедачите и инвеститорите дека нивните пари во банката се безбедни.

Бекер уште во јануари испратил оптимистички пораки до инвеститорите и клиентите, посочувајќи дека економските изгледи се подобруваат по полошата 2022 година. А, според аналитичарите во сегашните анализи, тогаш веќе можел да се предвиди колапс. Премногу е случајно што Бекер поднесе план на крајот на јануари што му овозможило да ги продаде своите акции во SVB.

Како што пишува Ројтерс, првиот човек на пропаднатата SVB работел во оваа компанија три децении, а кариерата ја започнал како службеник за кредити. Бекер, кој дојде од родната Индијана преку Детроит во Калифорнија и се искачил на корпоративната скала, блескајќи по познатата 2008 година. Во екот на финансиската криза, тој стана директор на банката, а три години подоцна и главен извршен директор (CEO).