Две децении кршела ореви со рачна бомба мислејќи дека е чекан: Кога разбрала ја стрефил шок/ВИДЕО

844
Фото: Принтскрин/ТикТок

Цели 20 години една баба од Кина мислела дека користи обичен чекан за кршење ореви, а била шокирана кога дознала дека всушност користи рачна бомба.

Неверојатната приказна започна пред две децении кога една жена со презиме Чин, која сега има 90 години, од Шандонг, централна Кина, пронашла необична грутка метал додека работела на својата фарма во округот Хуангбао.

Иако со текот на времето ја оштетила главата на гранатата, за среќа немало трагедија. Г-ѓа Чин дознала во каква опасност се наоѓа дури минатата недела кога работниците во близина на нејзината куќа препознале што всушност држи во рацете.

„Користев граната за мелење црвен пипер, мелење ореви и забивање шајки“, откри оваа баба во видеото кое оттогаш стана вирално на Интернет.

Откако работниците ги алармирале властите, полициската станица од Хуангбао веднаш испратила на терен припадници на единицата за деактивирање и уништување експлозивни направи.

Кинеските медиуми јавија дека гранатата била домашна тип 67, препознатлива по заштитната метална обвивка на дрвената рачка.

@eugenewee7♬ original sound – emo