Два богато украсени пиштоли кои му припаѓале на Наполеон I до неговата прва абдикација во април 1814 година, а со кои сакал да се самоубие, ќе бидат понудени на аукција во близина на Париз, соопшти аукциската куќа „Осенат“.

Пиштолите се продаваат во дрвени кутии и со додатоци. Тие се украсени со злато и сребро и го носат ликот на императорот, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, изјави експертот на Осенат, Жан-Пјер Осенат. Наполеон специјално ги нарачал од занаетчиот Луис Марин Госе, кој работел во фабрика во Версај.

Пиштолите се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фонтенбло, во близина на Париз, ноќта меѓу 12 и 13 април, бидејќи бил разочаран од воениот пораз.

Но, тој беше спречен во тоа од неговиот главен коњушар Коленкур (Armand Augustine Louis, Marquis of Caulaincourt, војводата од Виченца, 1773-1827), кој го извадил барутот од пиштолот. Наполеон потоа го зел отровот, но го фрлил и не умрел, рече Осенат.

„Тогаш императорот му ги подари на Коленкур два пиштоли и мечеви за неговата лојалност во тие црни денови. Оттогаш тие се во сопственост на неговото семејство, кое одлучи да ги продаде“, велат од аукциската куќа.