Во земјотресот што утрово ја погоди Турција, повредена е хрватска државјанка, која се наоѓа во болница, но не и е загрозен животот, потврди хрватскиот амбасадор во Турција, Хрвоје Цвитановиќ.
Повредената хрватска државјанка живеела во Истанбул, но во моментот на земјотресот била во градот Адијаман, на југоистокот на Турција.
Исто така, генералниот конзул на Босна и Херцеговина во Истанбул, Синиша Михаиловиќ, потврди дека еден државјанин на Босна и Херцеговина (А.П.) е под урнатините на зграда во градот Малатија.
Тој бил заробен под урнатините на зградата на компанијата во која работи.
Меѓу настраданите во земјотресот во Турција нема српски државјани, за Еуроњуз потврди српскиот амбасадор во Турција.