Двајцата царински работници кои пред неколку недели во Будимпешта беа фотографирани додека биле во посета на експремиерот Никола Груевски, се прераспределени од нивните работни места. Едниот од нив е прераспределен од архива во магацин, а царинскиот службеник Александар Трајковски од секторот контрола и истраги исто така е прераспределен
„Точно е дека се прераспределени и двајцата. Александар Трајковски е оставен ниво како што беше, но прераспределен е на друго место. Во однос на другиот посетител, добивме веќе одредени одговори од надлежните институции и следува внатрешна истрага, доставување на извештаи, отворање на постапки. Не би сакал да прејудицирам, каков ќе биде резултатот од таа постапка, но си течат и ќе се одвиваат во наредните недела-две, да не вршиме притисок“, информираат од царината.
Александар Трајковски, кој на 11 декември беше фотографиран во ресторан во Будимпешта со Груевски, со кого заедно се обвинетите во случајот на СЈО „Насилства и шамари во Центар“, во Управата пријавил дека е на боледување; – Фотографијата снимена во Будимпешта на која се Груевски и Трајковски, на 11 декември се прошири на социјалните мрежи.
Трајковски, кој на 11 декември беше фотографиран во ресторан во Будимпешта со Груевски, а на рочиштето за случајот на СЈО што се оддржа на 17 декември лани, тој кажа дека во Будимпешта бил на преглед на синуси, по што Царината отвори своја постапка за испитување дали неговото боледување е лажно. Царината побара Фондот за здравствено осигурување да испита дали е почитувана постапката за отворање на боледувањето, кој пак побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да провери дали боледувањето е отворено согласно медицински индикации. ДСЗИ при контролата утврди дека формално постапката е почитувана, но дека има несогласувања во поглед на упатните дијагнози и изјавата на Трајковски во судот, и поради тоа побара вонреден стручен надзор од Лекарската комора за оправданоста на боледувањето.
Вториот царински службеник, кој исто така беше на посета кај Груевски, тоа го направил во време додека користел годишен одмор и слободни денови. и за него се преземаат предистражни дејствија.