Двата гола на Копенхаген требаше да бидат поништени

93
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вината за синоќешниот пораз (3:4) од Копенхаген во 4. коло на Лигата на шампионите ја префрли на судиите.

На крајот од првото полувреме Манчестер јунајтед остана со фудбалер помалку бидејќи Маркус Рашфорд доби црвен картон.

– Мислам дека на почетокот игравме многу добро додека не го добивме црвениот картон. Од тој момент се променија работите. Примивме два гола кои не требаше да се бројат. Ова е разочарувачки. На други натпревари беа донесени многу одлуки против нас. Тоа е тоа. Но, сезоната е долга. Во одреден момент се ќе се смени во наша корист. Видов многу позитивни нешта кај нашиот тим, но на крајот изгубивме фокус. Тешко е кога играш со десет играчи долго време, изјави Тен Хаг, за „Би-би-си“.

Натпреварот го судеше Донатас Румшас од Литванија.

По четири кола во А-групата, лидер е Баерн Минхен со максимални 12 бода, Копенхаген и Галатасарај имаат по 4, Манчестер јунајтед е последен со 3 бода.