Да ги е*ам глумците – кечери, или ќе биде по мои правила или со одам!

232

Поранешната УФЦ шампионка Ронда Роузи, која денес е кечерка, го прекрши главното правило на ВВЕ организацијата. Иако во овој спорт веќе е една од најголемите ѕвезди, очигледно љубовта полека се распаѓа.

Имено, Роузи на својата интернет програма „Ронда на патот# откри големо непочитување кон најголемата кечерска организација и призна се што знае, иако никако не смееше да се каже дека кечерските борби се наместени.

– Не сакам веќе да ја одработувам нивната еб*на глума. Можам да кажам дека сето тоа беше само настап, но од сега ќе правам се што јас ќе посакам. Тие се обидуваа да ми објаснам што посакуваат, но повеќе не ги е*ам. Да ги е*ам сите вклучени во овој процес, вклучувајќи го и целиот ВВЕ свет! Подготвена сум да изразам непочитување кон спортот кој толку го сакаат. Борењето е наместено! Се што се случува е сценарио! Не е вистина! Ниту еден од тие кловнови не може ниту да ме допре, истакна Роузи.
Многумина се прашуваат што донело до толку голем револт кај поранешната УФЦ борачка. Дел од јавноста шпекулира дека се работи за маркетиншки трик кој самата промоција го иницирала, додека некои сметаат дека ова е фрустрација поради повредата со која се здоби во кечерскиот ринг.